Главна цел на работна функција:
Подготовка и анализа на финансиските извештаи кои се доставуваат до органите на Друштвото и надворешни институции.

Работни задачи, обврски и одговорности:

* Изготвува редовни извештаи за финансиското работење на Друштвото, по барање на директно претпоставен;
* Заедно со Директорот на Дирекција и Раководител на Оддел учествува во изготвување на Извештаи кои се доставуваат до државни институции како Агенција за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување, УЈП и др.
* Заедно со Директорот на Дирекција и Раководител на Оддел учествува во изготвувањето на буџетот и финансиските планови на Друштвото за следната финансиска година;
* Ги изготвува месечните финансиски извештаи за акционерот во соработка со директно претпоставени;
* Учествува во изготвување на процеси и процедури за следење на ликвидноста и други акти од областа на финансиско работење;
* Изготвува финансиски анализи од месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети и сл.
* Учествува во релизирање на обврските на Друштвото кон Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон;
* Учествува во усогласување на финансиското работење на Друштвото со применливата даночна регулатива;
* Врши и други работи по барање на претпоставени лица.

Квалификации:
Ниво на образование: ВСС
Профил: Економски науки, насока сметководство или финансии
Познавање на странски јазици: Задолжително познавање на англиски јазик
Работно искуство 3 години, од кои најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиско известување
Компјутерско познавање на Microsoft Office, познавање на сметководствени политики и финансиска анализа

Други квалификации:

* Критичко размислување, решавање проблеми, предвидлив и добро познат пристап или начин на кој упатува самата задача, донесување одлуки и
држење став кон истите донесени одлуки;
* Висок степен на креативност и иновација;
* Добро планирање и добра организација;
* Ориентираност кон клиенти;
* Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
* Способност за тимска работа;
* Способност да учи и да се надоградува;
* Брзо и лесно се адаптира кон нова работна средина, кон променети околности на работа и сл.;
* Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;
* Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација