Главна цел на работна функција
Да обезбеди уредно и точно водење на сметководствените книги согласно закон и учествување во изготвување на сите финансиски извештаи за органите на Друштвото и надлежните институции.

Работни задачи, обврски и одговорности:
* Го води и раководи со работењето на Одделот,
* Ги води сметководствените книги според законски утврдените норми засметководствено работење;
* Води сметководство според двојниот систем и тоа: главна книга, дневник и аналитичка евиденција;
* Ја води сметководствената евиденција во сметководствените книги врз основа на сметководствена документација;
* Навремено ги регистрира, ажурира и комплетира податоците регистрирани во сметководствените книги, хронолошки презентирани за да го отсликуваат временскиот редослед;
* Сметководствените книги ги евидентира во електронски формат;
* Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентирање на барање на државен орган или институција, како и на барање на органите на Друштвото;
* Раководењето со сметководствените книги го врши со апликација во која се применети посебни пресметки пропишани со законски прописи во сметководствениот план определен за осигурителни друштва;
* Ја определува основата за пресметување на амортизација на основните средства, како и пресметува амортизација на средства;
* Остварува контакти со деловните банки со кои Друштвото соработува;
* Учествува во изготвување и доставување на Извештаи до органите на Друштвото и до надворешните надлежни институции;
* Остварува контакти со Управа за јавни приходи и со други државни органи;
* Остварува контакти со органите на внатрешна и надворешна контрола;
* Изготвува редовни извештаи по барање на Управниот одбор и/или Акционерот на Друштвото;
* Заедно со Директорот на Дирекцијата учествува во изготвување на Извештаи кои се доставуваат до државни институции како Агенција за супервизија на осигурување,
* Национално биро за осигурување, УЈП и др.
* Учествува во изготвување на месечните финансиски извештаи до акционерот и/или органите на друштвото;
* Врши анализа на трошоци по организациони единици и подружници и по потреба предлага мерки за нивно намалување до Директорот на Дирекција;
* Учествува во следење на процесот на вложување на средствата на Друштвото;
* Учествува во изготвување на сите месечни, квартални и годишни даночни пријави;
* Врши и други работи по барање на претпоставени лица.

Квалификации:
Ниво на образование: ВСС
Профил: Економски науки, насока сметководство или финансии
Задолжително познавање на англиски јазик
Работно искуство 5 години, од кои најмалку 3 години работно искуство во областа на финансиите
Компјутерско познавање на Microsoft Office, познавање на сметководствени политики и финансиска анализа.
Лиценца за овластен сметководител

Други квалификации:
*
Критичко размислување, решавање проблеми, предвидлив и добро познат пристап или начин на кој упатува самата задача, донесување одлуки и
држење став кон истите донесени одлуки;
* Висок степен на креативност и иновација;
* Добро планирање и добра организација;
* Ориентираност кон клиенти;
* Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
* Способност за тимска работа;
* Способност да учи и да се надоградува;
* Брзо и лесно се адаптира кон нова работна средина, кон променети околности на работа и сл.;
* Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;
* Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација